Анима ДООЕЛ Скопје се занимава со повеќе бизниси и нуди разновидни производи и услуги, кои
меѓусебно не се поврзани, но токму таа разноликост ја прави фирмата успешна и препознатлива.
АНИМА (на повеќе јазици значи душа) како да е предодредена да биде фирма-пионер во многу области, па така:
2001 година - Први во Македонија направивме мултимедијални
компјутерски курсеви за изучување на основните програми за работа со компјутер, како и курсеви на CD за
учење странски јазици.
2002 година - Први во Македонија направивме дигитална
векторска мапа на сите патишта во републиката и детална мапа на Скопје, така што почнавме да нудиме GPS
решение за пасивна и активна контрола на возила. За собирање на податоците од терен користевме наше возило
опремено со GPS уред, а потоа податоците се префрлани во компјутер и цртана е векторската мапа.
2004 година – Први во Македонија направивме мултимедијални
дискови за работа со компјутер, според познатиот светски стандард ECDL.
2005 година - Први во Македонија понудивме компјутер за 99
EUR и бевме најголем увозник на половни бренд компјутери и монитори.
2006 година – Први во Македонија направивме детски
едукативни игри за компјутер, на македонски и на албански јазик.
2007 година – Први во Македонија направивме девет on-line
компјутерски курсеви за популарниот портал idividi.com.mk.
2013 година – Први во Македонија поставивме комерцијални
автоматски фотелји за масажа на повеќе јавни места: скопски аеродром, Skopje City Mall, Ramstore Mall и др.
2013/14 година – Станавме ексклузивен дистрибутер на
BIOTREE за Македонија, Албанија и Косово на саден материјал од овошјето гоџи и брзорастечкото дрво
пауловнија, и први во Македонија понудивме договори за гарантиран откуп на гоџи на нашите кооперанти.
2014 година – Први во Македонија понудивме изработка на три
модели на фотелји за масажа по нарачка и нивна достава до дома.
2014 година – Станавме првата официјално регистрирана фирма
за откуп на овошјето гоџи во Македонија, и успешно го завршивме првиот откуп од нашите кооперанти.
2014 година – Го направивме првиот регистриран електромобил
во Македонија и понудивме кит-комплети за изработка на електромобили и електровелосипеди
2016 година – За прв пат во Македонија нудиме гарантирано
наоѓање подземни води и брзо и квалитетно дупчење бунари (т.н. “бушотини”), со 100% гаранција за извршената
работа!
Контакт
Адреса
ул. 1520 бр. 6 (Индустриска зона Пинтија) 1000 Скопје