100% на струја

Моторот со внатрешно согорување, заедно со ладилникот, алтернаторот, анлансерот, резервоарот за гориво и ауспухот ги извадивме и на нивно место вградивме електромотор и батерии.

100% без штетни гасови

Наместо поранешните 160 g отровен CO2 на секој изминат километар, сега нашиот електричен Матиз има 0 g/km CO2 и воопшто не ја загадува животната средина.

100 km за само 25 денари

Нашиот електромобил троши 66 Wh за 1 km, односно 6,6 KWh за 100 km. Електромобилот нуди најевтин превоз!

Прв електромобил во Македонија

Првиот електромобил во Македонија, кој е регистриран како таков, е нашиот Daewoo Matiz (2007), кој ни послужи како прототип при конверзија на автомобил со мотор на внатрешно согорување, во електричен автомобил.

Кога треба да одлучите какви батерии да вградите во Вашиот електромобил, треба да имате предвид дека поголема автономија на движење значи и МНОГУ поголема инвестиција. Ние веќе имаме искуство со нашиот електромобил, во кој вградивме две висококапацитетивни литиум-железо-фосфатни батерии од 48V100AН, со вкупна тежина од 104 kg. Во светот владее мислење дека овој тип батерии се најдобриот избор за кит-комплетите за електромобили. Тие се полесни од оловните батерии, а имаат и подолг век на траење (до 2000 циклуси на полнења).

Ако се земе предвид дека ретко кој возач просечно дневно поминува повеќе од 40-50 km, тогаш зошто да се инвестираат многу повеќе пари во батерии, кога е многу поевтино почесто да се полнат батериите. Тоа може да се прави навечер, кога е евтина тарифа, но оние кои имаат фотоволтаични сончеви колектори, полнењето можат да го прават и преку ден, целосно бесплатно! Батериите што ги вградивме се полнат за околу 5,5 до 6 часови, а за тоа време се трошат околу 0,66 KW на час, што во пари значи дека едно целосно полнење на батериите чини околу 12,5 денари. За 100 km трошокот за потрошена електрична енергија изнесува не повеќе од 25 денари!

Благодарение на досегашното искуство, Ви препорачуваме кит-комплет за Вашиот автомобил, кој со сигурност ќе функционира на кој било модел.

Основни компоненти на нашиот електромобил

Модел: HPM-10KW BLDC, електромотор без четкички, со водено ладење. Волтажа: 48 V, со пик до 20 KW (што одговара на околу 40 KW мотор со … повеќе
Модел: HPC500. Волтажа: 48 V. Ампеража: 600 А. Тежина: 2,9 Kg. Преку USB порта може лесно да се програмира (на какви вртежи да работи … повеќе
Тип: LiFePO4 (литиум-железо-фосфат) 48V100A (две батерии од 24V100A), со вкупна тежина од 104 Kg. Oд наше искуство, максималната брзина е … повеќе
Модел: FSC-10 дава волтажа од 0-5 V и е водоотпорен.
Ова е всушност реле кое работи на напон од 48 V.
Специјално дизајниран кабел за програмирање на контролерот HPC500 преку HID интерфејс.
САКАТЕ ВАШ ЕЛЕКТРОМОБИЛ? ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ПОНУДАТА!