Електровелосипед

Задоволство е да се вози велосипед, но уште поголемо задоволство е да се вози електровелосипед! Познати се сите предности кои ги нуди велосипедот, но електровелосипедот нуди незаборавно искуство и огромно задоволство, без при тоа да се откажеме од сите возни својства на стандардниот велосипед.

Секогаш кога ќе сакате да возите со педалите, тоа можете да го правите без никакво ограничување, а освен тоа вртењето на педалите ќе Ви ја полни батеријата! Кога нема да вртите со педалите, а ќе возите по удолнина, батеријата повторно ќе се полни од кинетичката енергија.

А кога ќе почувствувате замор при угорнина или кога едноставно ќе посакате да се одморите од вртењето на педалите, нема да треба да застанете крај патот, туку само притиснете го копчето за “гас” и ќе почнете да уживате во тивкото возење со Вашиот електровелосипед.

Ние во АНИМА веќе подолго време имаме искуство со различни електровелосипеди. Ги користевме за наши потреби, но постојано баравме подобро решение. Конечно, решението го надовме во понудата на Golden Motor Technology од Кина, пионер и водечка фирма во светот за производство на мотори за електрични велосипеди, мопеди, чамци и електромобили.

Нашиот партнер Golden Motor нуди повеќе типови кит-комплети за преправка на вашиот велосипед во електричен. По извршените тестирања, одлучивме да Ви го понудиме само нивниот најдобар кит-комплет MagicPie 4 Vector заедно со моќната литијумска батерија, со цел уште веднаш по преправката на Вашиот велосипед во електричен, целосно да уживате во технологија која моментно е далеку најдобра во светот и која ќе биде актуелна уште многу години.

На сите оние кои бараат некакви компромиси со поевтини кит-пакети им порачуваме тоа да го бараат на друго место. АНИМА Ви го нуди само најдоброто! Проверено!

Кит-комплет за High-End E-Bike

93900
  • Тркало со вграден електромотор MagicPie 4 (48V/1000W)
  • Вграден контролер Sine Wave од Vector Control
  • Батерија LiFePo4 (литијум-железо-фосфат) 48V10A
  • Полнач за батеријата (3А)
  • Рачки за воланот
  • Снажни кочници кои при секое кочење ја полнат батеријата
  • Копче за гас (се управува со палецот)
  • Kопче за темпомат (cruise control)
  • Комплет кабли

Дополнителни опции

Држач за батеријата … 46 EUR
Држач за батеријата … 46 EUR
Соларен полнач во форма на куфер (48V/80W) … 448 EUR
Соларен полнач во форма на куфер (48V/80W) … 448 EUR
Мултифункционален LCD дисплеј за прикажување на брзината, изминатата километража, состојбата на батеријата, потрошувачката на елетрична енергија и друго … 70 EUR
Мултифункционален LCD дисплеј за прикажување на брзината, изминатата километража, состојбата на батеријата, потрошувачката на елетрична енергија и друго … 70 EUR
USB кабел за програмирање на контролерот, во комплет со PC софтвер на CD … 30 EUR
USB кабел за програмирање на контролерот, во комплет со PC софтвер на CD … 30 EUR
Забелешка: Цените се со вклучен ДДВ, а еврото се пресметува по среден курс на НБРМ на денот на фактурирањето.

Симулатор за електровелосипед

Get Adobe Flash player