← назад

Фотелја за домашна и канцелариска употреба

Фотелја за масажа anima 3-D

Цена: 2.160 EUR (или на кредит без камата на 48 рати x 45 EUR)

Гаранција: 2 години

Закажете термин за бесплатно тестирање на 075 30 60 30

Бесплатна достава и испорака веднаш!

Нов тип на интелигентна
3-D масажа

Со најновата иновација за подобрување на 3-D масажата на грбот и можноста за активирање на уникатната функција на притисок во рамениот појас, оваа фотелја ја прави масажата на вратот, рамењата, грбот и слабинскиот појас околу струкот, понежна и покомфорна, имитирајќи ги масажните движења и методи на традиционалната кинеска масажа. Уживајте во чувството на пријатно масирање, исто како да сте на масажа кај професионален масажен терапефт.



Функција на скенирање на телото и пребарување на акупунктурните точки

Со оваа функција фотелјата обезбедува попрецизно масирање на луѓе со различна телесна тежина и различна телесна градба.

Терапија со загревање

Со уникатната кинеска терапија на загревање на седалниот предел, слабинскиот појас и делови на нозете, се постигнува подобрување на циркулацијата на крвта и олеснување на болките во телото.



Најновата технологија во изработката на L-рамка

Истражувањата во полето на статичкиот и постурален инжинеринг на човечкото тело, резултираа со развивање на посебно долга L-рамка на фотелјата, по која се движат масажните ролери. L-рамката ги прати физиолошките кривини на телото и овозможува брзо попуштање на притисокот долж и околу ‘рбетот, за целосно уживање во масажата, од главата до петиците.

Позиција “Нулта гравитација” за “бестежинска состојба”

Само едно притиснување на копчето Zero-Gravity, го доведува телото во лежечка позиција со инстантно попуштање на притисокот во зглобовите и долж ‘рбетот, овозможувајќи го искуството на бестежинска состојба.

Научниците на NASA откриле дека во ваква положба телото на космунаутите најмалку се оптеретува, па затоа додека патуваат во вселената, нивното тело е поставено во оваа положба.



Искористување на просторот

Со стартување на масажата, потпирачот за грбот и седечкиот дел на фотелјата едновремено се поместуваат за 8 cm нанапред од ѕидот, што овозможува ефикасно искористување на просторот.

Bluetooth конекција

Со напредната бежична Bluetooth технологија, фотелјата можете да ја поврзете со Вашиот мобилен телефон и непречено да одговарате на телефонските повици, како и да слушате музика од мобилен телефон или таблет.



Воздушни перничиња

во слабинскиот и седалниот предел, кои ги обвиткуваат бутовите, седечките мускули и струкот, вршат масажа на овие делови од телото со наизменична воздушна компресија, со што чувството на замор се елиминира многу брзо.

Воздушното перниче за главата го олеснува мозочниот замор и чувството на ментална и телесна напнатост.

Префинета масажа на нозете

Масажата на стапалата се постигнува со движења на ролерите комбинирани со нежен притисок на воздушните перничиња, а масажата на листовите се постигнува со воздушна компресија од вградените воздушни перничиња, со што се овозможува подобрување на крвната циркулација и ревитализација. По желба, оваа функција може да се исклучи.

Издолжување на фотелјата
за 32 cm

со што оваа фотелја за масажа станува погодна за луѓе со различна висина.

Масажа на рацете

Компресивната воздушна масажа на рацете ја подобрува циркулацијата во крвните капилари.

Типови на масажа

Други фотелји за домашна и канцелариска употреба